Press "Enter" to skip to content

Битолската полиција уапсила дилер на дрога

Секторот за внатрешни работи Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против О.П. (30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот подолг период од непознато лице, во поголеми количини, набавувал наркотични дроги хероин и марихуана, кои во неговиот дом ги препакувал во помали пакувања и ги продавал на зависници. На 28.02.2018 година, по претходно добиена наредба од Основен Суд Битола, бил извршен претрес во дом и други простории, како и во возилото на О.П..

При претресот, биле пронајдени и со потврда биле одземени три најлонски пакувања со хероин со маса од 74,08 грама, едно најлонско пакување со марихуана, дигитална вага со траги од хероин, една дробилка со траги од марихуана, како и банкноти во различни апоени во висина од околу 57.000 денари.

Од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Битола, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

More from ВестиMore posts in Вести »