Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен беше организатор на две театарски претстави во Кино салата во овој град, кои се одржаа во соработка со театарот Дел Арте од Битола. Првата претстава „Новогодишните играчки на Ема“, е претстава наменета за претшколска возраст и за деца до 10 години, додека втората, „Љубов или нешто слично“, се однесува на тинејџерската популација.
-Нашата цел е секоја година да понудиме што повеќе настани пред новогодишните празници и со тоа да ја дополниме празничната атмосфера. Во еден ден одлучивме да организираме две претстави во соработка со театарот „Дел Арте“ од Битола, во претпладневните часови за најмладите, а во вечерните часови за тинејџерите. Особено беа среќни помалите деца, кои ги имаше во голем број од градинките и училиштата и се радуваа на оживеаните играчки од претставата. Тинејџерите пак, како популација која секогаш има што да праша и да научи, се чини дека најмногу реагираат на темата љубов, што всушност и беше целта на претставата „Љубов или нешто слично“, рече директорот на Домот на културата Драги Тозија, Васко Василевски.
Вечерва продолжуваат културните настани во оваа општина. Во Ресенскиот Сарај, во 18 часот ќе се одржи концерт на хорот кој работи под закрила на Македонско-Словенското здружение „Триглав“ од Битола, со што, велат од оваа културна установа, е понудена културно-уметничка програма за сите вкусови.

Театарот “Дел Арте“ од Битола со две претстави во Ресен (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: битолчанка физички нападната од сопругот со кого се разведувала
- „Жени во кинематографијата“ на фестивалот „Браќа Манаки“: Менталното здравје, границите и конфликтите во фокусот на WIC панелот
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
- Мегафотогалерија: битолчани и нивните гости на црвениот тепих на 47. издание на “Манаки“ во Битола
- Нека започне новото филмско ткаење: Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола (фотогалерија)
- Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола










