Press "Enter" to skip to content

Битолчаните Саша, Горан, Маријан, Владимир и Влатко се искачуваа на карпите во Јордан пред да се затвори светот (фотогалерија)

Љубовта кон искачувањето по карпи на членовите на СКК Вертикал ги “однесе“ во државата Јордан каде се искажуваа на карпите високи до 300 местри.Саша Грбиќ дел од овој потфат вели:-Идејата беше одамна, а ја предложи претседателот на Вертикал, Горан Кузмановски, но ете дојде да се реализира од 6 до 16 март, односно целата експедија траеше 10 дена. Морам да кажам дека целата организација беше наша, односно на Горан Кузмановски, Маријан Кузмановски, Владимир Ѓоргиевски, Влатко Деловски и јас.Петте битолчани, а покрај нив и четворица скопјани, пристигнаа во главниот град на Јордан, Аман, а по само една вечер, утрото се упатиле кон пустината.-Прво пристигнавме во Аман, тука останавме една вечер, наредниот ден се упативме во пустината, кон селото Wadi Rum. Тое место каде бевме е полно со песочни карпи кои се издигаат и по 250 – 300 метри. Таму има и доста сики – тесни канали меѓу карпи каде што се слива водата кога има дождови и не е можно движење во тој период. Целата таа конфигурација беше предизвик за нас, за што и заминавме таму, вели Грбиќ, кој за самото искачување додава:-Стилот на качување е “Traditional Climbing“, а насоките без сигурносни клинови, а на дел од нив и без сидришта.Покрај искачувањето на карпите дел од времето го искористивме и за туризам, за што скромниот Саша вели:-Имавме време да посетиме уште неколку места како што се Wadi Musa, Aqaba, и се искапивме и во Мртво Море.На 16 март како тој вели со последните активни превозни средства, пред да се затвори светот тргнаа од Јордан и се вратија дома.

С.Ристевски, фото: приватна архива

More from БитолаMore posts in Битола »
More from СпортMore posts in Спорт »