Денес во просторот на Пациото на Заводот и Музеј во Битола започнува 14. издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал “Локум фест-музика и традиција“ 2020, а како најави идејниот творец на фестивалот, Тоше Ивановски, со концерт на “Чалгија саунд систем“.
Овој концерт ќе биде прв ваков настан по ковид кризата во Битола, за што Ивановски рече:
-Со задолжително носење маски, ограничен број влезници и доаѓање еден час пред настанот ќе се одржи годинешното најави денеска организаторот и директор на фестивалот, со што ќе докажеме дека сме сериозни организатори на вакви на настани кои ги почитуваат мерките за заштита, а за самиот фестивал додаде:
-Инспирацијата на фестивалот е старата традиција во градот на конзулите, средби со кафе и локум. На 14-та година се обидуваме да ја одржиме таа традиција, важно е за нашето културно наследство, но и за заживување на културниот туризам во нашиот град. Ова е фестивал на кој учествувалле 68 ансамбли од 20 земји, а дел од фестивалот биле и Јаков Дренковски, Виолета Томовска, Васка Илиева, Тони Китановски и Чекези оркестар, Кочани оркестар и Кинг Велинов, Љубојна , Баклава, Сваровски бенд и други, истакна Ивановски. “Локум фест“ останува доследен во својата мисија да промовира македонска музика и музичари.
Оваа година фестивалот започнува со Чалгија саунд систем на 22 јули, наредниот ден настапуваат „Балкава“, а затворањето на фестивалот е со „Љубојна“ на 23 јули. Цента на влезниците е симболична, по 100 денари, за затворањето 150 денари, со цел да се контролира број на гости во Пациото, а ќе бидат пуштени во продажба по 300 влезници.






