Press "Enter" to skip to content

Јована Матевска Атанасова од Битола со расказот “Гладоморје“ добитник на наградата “Живко Чинго“

Јована Матевска Атанасова од Битола е авторот на расказот “Гладоморје“, кој годинава, од страна на стручното жири беше издвоен како најдобар на конкурсот за најдобар расказ “Живко Чинго“.

Во 2018 нејзиниот расказ “Индигото на бесот“ влегува во збирката на регионалниот конкурс “Бибер 2“ и е преведен на 3 јазици.

Матевска Атанасова по професија е дипломиран психолог. Автор е на  оманите “Тамбовските снегови“ и “Писмата во библиотеката“ кој е награден на конкурсот за поддршка на млади талентирани автори на фондацијата “Македоника“ и УНЕСКО.

Јована Матевска Атанасова, родена е на 16 јуни 1991 година, во Битола. Од мали нозе се вљубила во пишаниот збор, двонасочно, и како писател и како читател. Својот дебитантски чекор, пред сериозните излети по државните конкурси го направила благодарение на блогот “Мемоарите на зеленооката“. 

По професија е дипломиран психолог. Професијата само подобро го надоградила она што сака да го имплементира во градење на симетрични ликови во своите дела и излагања.

Учествувала на регионални и меѓународни конкурси и добила повеќе награди, меѓу кои најзначајни се наградите во 2015 и 2016 година, на реномираниот и традиционален конкурс за краток расказ кој го распишува весникот “Нова Македонија“ за насловите “Двете дланки“ и “Нештовина“.

Продолжува да твори и не престанува да пишува. “Пишувањето е аманет од мојот дедо“.
Пишува приказни за деца и се надева дека нејзините неиздадени романи ќе излезат од
заточеништвото во фиока.

More from КултураMore posts in Култура »