Press "Enter" to skip to content

Трето издание на “Џез Фабрика Фестивал – Битола 2020“

На 29-ти и 30-ти август, во Битола ќе се одржи третото издание на Интернационалниот џез фестивал„ Џез Фабрика Фестивал Битола – Jazz Factory Festival Bitola 2020, со исклучителна програма.

ЏФФ. Битола, e единствен џез фестивал во Битола, со сериозна меѓународна програма и главен акцент на промоција на македонските џез артисти, што ја става Битола во листата на градови со џез култура, придонесува кон културната децентрализација и меѓународна промоција на Општина Битола.

Поради пандемијата КОВИД 19 и препораките од Владата терминот за реализација е поместен од традиционалниот во месец април за крајот на месец август (29 – 30).

Посветеноста, беспрекорна организација и реализација беше препознаена од  Европската асоцијација на фестивали ЕФФЕ – Брисел и за периодо 2019-2020 година, и му е доделен својот амблем за Фестивал на забележителни уметности.

Реализацијата на фестивалот е поддржана од Министерството за култура, Општина Битола, Народниот театар Битола, Винарија Стоби и др. Од 2020 година, фестивалот е член на програмата МОСТ – Будимпешта – проект поддржан од Европската Унија во делот за Кеативна Европа, со мисија да го зајакне музичкиот пазар на Балканот, преку поврзување и поддршка на артистите од светската музичка сцена; уметници, менаџери, фестивали и институции. МОСТ гради мост што го поврзува Балканот и глобалниот музички пазар, мост составен од лични врски, искуство и размена.

Фестивал е исто така дел од регионалното здружение на џез-фестивали: Џез фестивал во Петровац – Црна Гора, Кикинда џез и блуз фестивал – Србија, Балкански џез фестивал Тирана – Албанија, Ваљево Џез Фестивал – Србија, Русе Џез, Фестивал – Бугарија и Џез Фортнајт фестивал – Скопје.

Фестивалот има автентичен пристап кон промовирање на џез културата, фузија помеѓу едукативни работилници, мастер часови, музичка индустрија и новинарство, мрежно поврзување и регионална соработка, како и промовирање на домашни и регионални авторски џез изведувачи.

Уметници кои досега настапиле на фестивалот се : Теодосиј Спасов – Бугарија, Васил Хаџиманов – Србија, Душан Јефтовиќ – Шпанија, Тони Китановски, Сашо Поповски, Фирс, Кабадајас, Џоле Грујовски и други. Со вкупно 15 концерти и 6 работилници на сцената на Народниот театар Битола, како и локални клубови и културни сцени, имаме присуство од над 1000 посетители во првите две изданија.

Повеќе информации за активностите на фестивалот на нашата веб-страна:
www.jff.mk .

ПРОГРАМА Отворена сцена НУ Народен Театар Битола

Сабота 29 Август

• 19:00ч Антоније АВП Проект – Р.С.Македонија
• 20:00ч Брама Амити – Р.С.Македонија
•21:00ч Арменд Џафери – Тони Китановски Квартет Р.Косово – Р.С.Македонија
• 22:00ч АЈС Квартет – Р.Албанија
• 23:00ч Ирена Благојевич Квартет Р.Србија – Р.С.Македонија.

Недела 30 Август

• Промоција на книгата „Press & Play” Ненад Георгиевски All About Jazz (USA)

Доделување награда „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2019г.

More from КултураMore posts in Култура »