Со проекција на комедијата “Добредојдовте во Германија“ синоќа започна да работи малото летно кино во Битола, во центарот за култура, кое е сместено во на косото плато под службениот влез на Центарот за култура и Малата сала.
Проекцијата на првиот филм, во Битола ова лето, се реализира по здравствените протоколи, меѓу кои на посетителите им беше мерена телесна температура со задолжителна дезинфекцијата на раце и носењето на маски.
-Мало летно кино е сместено на една од најдрагите локации во нашиот објект во Центарот за култура во Битола. Капацитетот е ограничен на околу 50 посетители, а цената на влезниците е по симболична цена од 100 денари. Билетите за проекциите се продаваат пред почетокот, на проекциите кои започнуваат во 20:30 часот, велат од Центарот за култура во Битола.
Денес, среда, на репертоарот на малото летно кино во Битола е Оскаровецот “Паразит“, а утре, четврток комедија “Брит Мари беше тука“- филм кој е снимен по истоимената бестселер книга.
-Баравте кино под илјада ѕвезди во Битола, ние успеавме да ја исполниме оваа ваша желба, додаваат од Центарот за култура од Битола.

Фото вест: започнаа проекциите во малото летно кино во Центарот за култура во Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- “Sarsalé“ фламенко од Барселона на третиот ден на 18. Фестивал на музика на светот во Битола (фотогалерија)
- “КОД 369“ и Јован Милошевски на вториот ден на 18. Фестивал на музика на светот во Битола (фотогалерија)
- Битола е “музички крстотат“ по 18. пат со Фестивал на музика од светот, започна со концерт на Амира Медуњанин (фотогалерија)
- Румена Бужаровска во УТОПИЈА за хуморот, предрасудите и одговорноста кога туѓ живот станува книга
- “Вљубеник во светлината“ – монографија што го чува споменот за Ранко Струмениковски и неговото непроценливо творештво (фотогалерија)





