Не пропуштајте го најновото и единствено од овој тип комично шоу на “ПРАЗНИ МУАБЕТИ“ – СТЕНД АП (comedy night), кое ќе се одржи во Пациото на Завод и Музеј во Битола.
Хумор каков досега не сте виделе во Битола!
Ние ќе ве насмееме, а вие ќе им помогните да опстојат празните муабети во Битола.
Со маска и со насмевка да ја победиме пандемијата.
Влезници може да си набавите 1 час пред почетокот на претставата (пред музеј), или да си резервирате на “Фејсбук“ страната на “Празни Муабети“ по цена од 150 денари.






