Press "Enter" to skip to content

Поетесата Мирјана Стојановска од Битола учесник на Струшките вечери на поезијата (фото)

На 59 издание на меѓународниот поетски фестивал “Струшки вечери на поезијата“ што се одржува три дена во Струга, меѓу педесетината поети  учествуваше Мирјана Стојановска како единствен претставник од Битола.

Стојановска зеде учество на поетскто читање “Кругови“  каде настапи со песната „Изолирана слобода“ и во вториот круг на претставување, со извадок од поемата „Бегалци од својот дом“.-Чест е и посебно задоволство да се учествува на овој прeстижен меѓународен поетски фестивал. Оваа година фестивалот се одржа по посебни протоколи заради пандемијата, така што дел од учестниците од странство, меѓу кои и израелскиот лауреат, настапија “он-лајн“, преку видеопроекција. Со скратена програма, но сепак впечатливо и издржано, СВП успеа да ја продолжи традицијата на одржување на овој фестивал по кој нашата земја е препознатвива во светот, а поетите преку своите стихови ги испратија своите пораки за мир, слобода, взаемна комуникација на сите луѓе во светот, истакна Стојановска.