Press "Enter" to skip to content

Во Битола промовирана монографијата „Македонска дискографија – винили (1958-2019)“ на Тошо Филиповски

Во “Магазата“ синоќа во Битола беше промовирана монографијата „Македонска дискографија – винили (1958-2019)“ на Тошо Филиповски, во рамките на фестивалот “Битола отворен град“ кој е во организација на МКЦ Битола.Станува збор за капитално дело во кое се опфатени 333 винилни изданија на кои е забележана музика од македонски автори, музичари, изведувачи и продуценти на околу 480 страници, кое беше промовирано пред љубителите на музиката од Битола.Автор на монографијата е Тошо Филиповски, кој зад себе го остави изданието и на првата „Македонска рок-енциклопедија“.