Press "Enter" to skip to content

Со концерт на “Мугер Фугер“ затворен “Битола отворен град“ (фотогалерија)

Со концерт на музичката група “Мугер Фугер“ кој се одржа во пациото на Завод и Музеј во Битола, заврши 19. издание на фестивалот “Битола Отворен Град“, кој го организира МКЦ – Битола.Концертот поради ковид мерките го проследија само 200 битолчани, кои уживаа во одличната несекојдневна музика, која ја изведоа членовите на “Мугер Фугер“.Македонскиот инди рок бенд “Мугер Фугер“ е формиран во 2004 година, чии членови се Сеад Хаџиќ – Сецко, Антонио Дојчиновски – Дојчин, Виктор Гајтановски, Огнен Мангаровски – Оки и Андреј Анастасов – Еди. Името на бендот доаѓа од аналогните педали мугерфугер. Заштитен знак на бендот е користење на такви реткости како лампаши и аналогна опрема.Претходно во Пациото настапи група од Битола, “ВЕЛ“, чии членови по својот солиден музички багаж низ годините во многу авторски бендови, решија да го креираат призвукот на иднината сублимиран во музичката формацијата “ВЕЛ“.Тие се бенд во постојано создавање, со луѓе кои музички се разбираат и надополнуваат, една звучна кулиса на новото време, во претстава за оние кои можеби не го разбираат. Музичката мисла е директна и непосредна низ тврдокорна енергија како саундрак на реалноста.-Фестивалот трае 3 дена, но на него се работи 300 денови во годината, па така и ќе продолжиме со тимот на органзацијата на Фестивалот “Битола отворен град“, кој веќе размслува за тоа како ќе биде идната година, а се надеваме во нормални услови, а не како годинава под посебни мерки. Во 2002 започнавме со организација на меѓународниот младински арт фестивал „Битола отворен град“. Во изминатите 18 изданија на фестивалот, организирани беа над 200 културни настани со учество на повеќе од 500 млади уметници од над 40 земји во светот, а се надевама на големи изненадувања за битолчани во јубилејното 20. по ред издание, изјави Сашо Додовски, Директор на МКЦ – Битола.Оваа година фестивалот “Битола отворен град“ е поддржан од Министерство за култура како проект од национален интерес во културата во 2020 година и од Општина Битола.

С. Ристевски

[ngg src=”galleries” ids=”583″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]