Press "Enter" to skip to content

Библиотеката во Битола со изложба на книги го одбележа денот на независноста

По повод 8. Септември – Ден на независноста, во холот на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола поставена е тематска изложба на книги, традиција која библиотеката ја негува пред секој поголем празник или значајни датуми и настани.

Овој  по повод Ден на независноста, во холот на НУУБ “Св. Климент Охридски“ излож над 50 книги од македонски автори чии дела во наредните денови ќе ги видат и се потсетат читателите на овој значаен ден.-Продолжуваме со востановената традиција, како и за секој празник, така и овој пат во чест на државниот празник 8. Септември. Изложени се повеќе дела, а би ги споменал “Македонија 1945-1991 , државност и независност“ од авторот Новица Велјановски, “Документи-за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, “Раѓањето на македонската нација“, “Македонија – настани, личности“… кои ги избраа нашите стручни лица, вели Бојан Стефановски, директор на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола.

More from КултураMore posts in Култура »