Синоќа во Битола на отворено, во дворот на ОУ “Гоце Делчев“, беше премиерно изведена детската театарска претстава “Кралица на музиката’’ во режија на Благојче Божиновски во продукција на “Адмедија“ и Народниот театар од Битола.
Главните улоги ги толкуваат Валентина Грамосли и Викторија Степановска Јанкуловска од НТ Битола, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, а музиката е на Миодраг Неќак.
Претставата предизвика голем интерес кај децата од Битола, кои поради меркире за заштита од ковид-19 беа во ограничен број.
Целта на претставата е да се едуцираат децата за значењето на музиката и музичките инструменти на еден забавен и интерактивен начин.
Претставата ќе биде изведена и на детскиот фестивал „Силјан Штркот“ во Прилеп на 11. 09. 2020 (петок).
Фото: “Адмедија“
[ngg src=”galleries” ids=”587″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






