Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата “Куќи за сонување и соништа“ на Слободан Рајчевски (фото)

Синоќа во културниот центар “Магаза“ во Битола, беше отворена изложбата “Куќи за сонување и соништа“ од  циклусот уметнички дела на Слободан Рајчевски.Во име на организатор, НУ Центар за култура – Битола, изложбата ја отвори директорката Маја Андоновска – Илиевски.-Безвременските теми како секојдневие, суштинска посветеност на човекот, слики и доживувања како материјални мисли, длабок одраз на самобитисување и разголеност на сопствената душа длабоко го опфаќа творештвото на Слободан Рајчевски. На платната на Рајчевски бојата е доминантна, некои се крајно симплифицирани и без перспектива додека другите кокетираат со апсолутно сликарство кое се врзува за субјективно, емотивно и рационално уметничко изразување, кое не следи природни закони на боја, текстура, облик и простор, стои во освртот на м-р Јелена Петровска, за изложбата на Рајчевски.

More from КултураMore posts in Култура »