Press "Enter" to skip to content

Прва вечер “Фестивал на староградска музика и вино“ во Старата битолска чаршија (фотогалерија)

-“Конзулски бал“, “За Солуна за Стамбола Битола не давам“, “Не стој Доне Донке“, “Русе ле моме убава“… мелодичните звуци од изворните  македонски песни се ширеа низ Старата битолска чаршија на првата вечер од  “Фестивалот  на староградска музика и вино музика“ .Старата битолска чаршија,  местото на еснафот на градот Битола – градот со голема традиција и богато културно – историско наследство, со себе носи многу приказни кои се раскажувале некогаш, се надградувале и менувале, онака како што градот го менувал својот лик. Токму таму на местото каде што денес е спојот на ориенталното и градското живеење во единствениот, делумно сочуван дух се одржа првата вечер од „Фестивалот на Староградска музика и вино“.Чаша добро вино “Ciflik Winery“ и одлична стаградска музика, но и македонски популарни шлагери. Целата  на овој настан кој  се случува по трет пат  е сите, заедно да го вратиме духот на битолската чаршија. Многу присутни уживаа во боемска вечер со вино и групите  “Боеми“, “Мелос Бенд“ и изведувачите – Тамара Стојковска, Димитар Андоновски и  Бојан Стојков.Дел од нив сега  веќе возрасни битолчани,носталгично се вратија во својата младост кога тука излегувале, вљубувале, дружеле… Тие  се присетуваа дека  еден период поточно во 90 години,  тука и се случувал културно- забавниот живот на битолчани и тоа не само во лето, туку и преку целата година. Голем број на кафулиња, ресторани каде до доцна во ноќите музиката не била проблем за околината.Овој фествал се одржува трета  година по ред и со него сакаме да го вратиме сјајот на битолската чаршија и можеби со повеќе вакви манифестации ќе заживее во овој летен период. Амбиентот е создаден за ваква музика и уживање во неа со чаша вино од винаријата “Чифлик“. Вечерва тука се собраа повеќе генерации, сите уживаа и можеби со муаиката за миг заборавија  на стресни времиња, невремиња на живеење,соочувајќи се со пандемија.  Задолжителните маски сепак потсетуваа на претпазливост во социјалното дружење, велат организаторите.Фестивалот продолжува денес со “Деспина“ “Мелос Бенд“, “Чупињата“, Марија Груевска, Тамара Стојковска и Борче Наумовски, кои исто така ќе придонесат за убава опуштена атмосфера.

Ж. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »