Press "Enter" to skip to content

Заврши 29. фестивалот на класична музика “Интерфест“ во Битола

Со музички рецитал што го приредија казахстанските уметници Ајман Мусакаџајева, виолина и Сара Асамбајева-пијано, кој се одржа на сцената на Народниот театар во Битола заврши 29. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест”.

Љубителите на класичната музика со аплауз го проследија и поздравија музичкиот рецитал исполнет со дела од Бетовен, Григ, Равел и Сен Санс, сонати во чија изведба доминираше една од најголемите интернационални ѕвезди на виолинската уметност, Ајман Мусакаџајева, а заеднио со неа настапија и уметници од Србија, Франција, Турција, Албанија, Русија, Австрија и Казахстан.

Интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“ започна со настапот на Националната опера и балет со „Севилскиот бербер“ на Џакомо Пучини, под диригенство на Иван Еминовиќ, на 3 октомври во Битола.

More from КултураMore posts in Култура »