Последниот концерт во рамките на “Џез Фабрика Фестивал“, Битола 2020, ќе се одржи на 20 октомври, во Народниот театар – Битола со почеток во 20 часот, на кој ќе настапат гостите од Франција “Cuareim Quartet“+ Natascha Rogers Music.
Посветеноста на ЈФФ. беспрекорната организација и реализација, беа препознаени од Европската асоцијација на фестивали ЕФФЕ – Брисел и за периодот 2019-2020 година, им го доделија својот амблем за Фестивал на забележителни уметности.
Од 2020 година, фестивалот е член на програмата МОСТ – Будимпешта – проект поддржан од Европската Унија во делот за Кеативна Европа, со мисија да го зајакне музичкиот пазар на Балканот, преку поврзување и поддршка на артистите од светската музичка сцена; уметници, менаџери, фестивали и институции. МОСТ гради мост што го поврзува Балканот и глобалниот музички пазар, мост составен од лични врски, искуство и размена.
Фестивалот е исто така дел од регионалното здружение на џез-фестивали: Џез фестивал во Петровац – Црна Гора, Кикинда џез и блуз фестивал – Србија, Балкански џез фестивал Тирана – Албанија, Ваљево Џез Фестивал – Србија, Русе Џез Фестивал – Бугарија и Џез Фортнајт фестивал – Скопје.
Концертот е поддржан од Францускиот институт во Скопје – Institut français de Skopje и Alliance Française de Bitola.
Влезниците се во ограничен број (110 влезици) веќе во продажба, а концертот се реализира според протоколите за заштита од КОВИД 19.
Неда Маретиќ