Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: примена на реален аикидо при напад со палка по глава

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога сте нападнати со палка, со примена на техники за самоодбрана од реалниот аикидо. 

Одбраната од удар со палка во глава започнува со исчекоруваме со левата нога напред при што ја пресретнуваме раката која напага, во пределот на лактото. Потоа одбраната продолжува на тој начин што со десната рака притискаме врз вратот на напаѓачот на тој начин ја продолжуваме неговата инерција. Исто време не “опишувајки“ полукруг назад со десната нога. На овој начин најлесно се става напаѓачот со изведување на двоен лост (врз дланкатата и лактот).

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.

Заинтересираните за посета на часови за самоодбрана можат да се јават кај Ѓуро Илиќ на телефон 070 206 655 или во просториите на Будо центарот.

 

More from СоветиMore posts in Совети »