
-Сум присуствувал на илјадници спортски натпревари и сум видел многи судиски неправди, кога поради лоши одлуки на судиите, или намерни, екипите од Битола губеле бодови, титули.
Еден таков натпревар кога сме ги изгубиле бодовите беше ракометното дерби во Битола, Пелистер – Вардар Про, во 2010 година, кое заврши нерешено 27:27, полувреме 15:17, поради судиска неправда, започна да раскажува Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Вечното ракометно дерби во 2010 го оправда овој епитет. Но, црна дамка на овој квалитетен и докрај неизвесен натпревар беа двајцата скопски судии Начевски и Николовски, кои успеаја да го расипат одличното дерби со неколку одлуки кои беа на штета на ракометарите на Пелистер, вели Миновски и додава:
-Имаше на паркетот расправии, кошкања, пцовки, интервенираше и полицијата, а во еден момент на тензично расположение делегатот се консултирање со битолската полиција и лицата од специјалната полиција, дали и под кои услови да продолжи натпреварот.
За среќа 5.000 битолчани кои беа публика во салата не предизвикаа поголем инцидент, а натпреварот заврши, но само се реми на битолчани, иако имаа водство од 27:25 во последните минути.
Тренер на Пелистер беше Звонко Шундовски, а играа: Божиновски, Тосковски (9 одбрани), З. Димитровски 3, Митевски 5, Зарков 2, Јанкуловски, Петровски 4, В. Димитровски 2, Поповски, Шундовски, Везенковски 4, Ивановски 1, Трајковски, Недановски, Митревски 1, Лазаров 5.
Во мојот новинарски бележник, имам запишани и дека на овој натпреавр имало и одлично деби на Филип Лазаров и Митевски кои постигнаа по пет голови, а не смеат да не се спомнат и деветте одбрани на Тосковски.
Овој натпреар кој ќе остане запаметен и по фантастичниот амбиент што го направија “Чкембарите“, вели на крај Миновски.











