
-Битола секогаш била дел од поважните случувања за државата, а тука во нашиот град се одржувале значајни настани од културата, спортот, економијата, но не е може да биде да нема и значајни настани од политиката. Еден настан кој се случи во Битола, во почетокот на март 2011 година, е 14. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, започна со своите сеќавања Димче Миновски.
-Конгресот во Битола, како и секој политички настан, не е отворен за сите, па така и ние кои бевме таму имавме прилика да бидеме дел само од свечениот дел на Конгресот, а работниот дел ни беше презентиран преку соопштенија, раскажува Миновски и вели:
-Конгресот се одржа под мотото “Вистината секогаш победува“, имаше 617 делегати и над 250 гости, а присуствуваа министри во Владата, претставници на партиите од Коалицијата “За подобра Македонија“, претставници на опозициските партии, претставници на верските заедници, на дипломатскиот кор и на Европската народна партија.
-На конгресот во Битола со вкупно 609 гласови “за“ и само еден глас “воздржан“, Никола Груевски по третпат избран за старо-нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ.











