Еурофарм – Пелистер 24:32 (9:15)
Екипата на Еурофарм Пелистер во празна сала во Битола забележа пораз од Магдебург на првиот осминафинален натпревар во Европската лига 24:32, во кој германскиот гигант ја оправда улогата на фаворит и одигра како што најдобро знае, а голема помош за тоа доби и од домашните ракометари.
Натпреварот во празната сала „Боро Чурлевски“ започна со 0:3 за Магдебург, во старт во кој ги немаше првотимците, кои влегоа по кратко време. Следуваа проблеми за одбрана на Еурофарм Пелистер и водството од 3:7. Во 20. минута резултатот беше 3:11, по што следуваше период на нешто подобра игра на македонскиот тим и пет гола за само шест минути, а на полувреме се замина со 9:15.
И во продолжението ракометарите на Магдебург, погодуваа и дојдоа на максимални плус девет гола, 9:18, а потоа германското водство се намали на седум гола, 14:21. До крајот на натпреварот се граше без поголем притисок, со многу голови и победа на Магдебург од осум гола разлика 24:32.
Најдобар стрелец беше Магнусон со десет гола, а кај Еурофарм Пелистер Мандалиниќ со шест гола, пет постигна Граџан, а по три постигнаа Мараш и Периќ.











