Press "Enter" to skip to content

Тројца боксери од Битола, во новиот национален тим, на подготовки за двомечот со Црна Гора

Македонскиот боксерски тим Вардар, што е неформална боксерска репрезентација, каде се најдобрите боксери од Македонија, се наоѓа на подготовки во Охрид, а во составот се и тројца боксери од БК Пелистер, за двомецот со селекцијата на Црна Гора.

На списокот на Петар Чурлинов, се наоѓат Александар Најдовски во категорија до 91 килограм, Оран Јашаровски во категорија до 60 килограми  и Ален Рустемов во категорија до 56 килограми.

Помошник тренер на Чурлинов е Јове Петровски-Оцо, тренер на Пелистер.

-Формирна е регионална лига на клубови од поранешна Југослабвија, а секоја држава од поранешните ЈУ простори во тимот ги избира најдобрите боксери во сите категориите, Од нив се формира тим кој ќе ја претставува нашата држава во оваа лига. Во тимот сме тројца боксери, а и помошникот тренер е од Битола. Одлично тренираме и се надевам на успех во првиот настап, двомечот со Црна Гора, ни рече Александар Најдовски – Сканта, од подготовките во Охрид.

More from СпортMore posts in Спорт »