НУ Завод и Музеј од Битола, 18. мај, меѓународниот ден на музеите, со неколку настани, а посебно се истакнуваат двете изложби на битолскиот музеј кои се поставени и свечено отвореми во Археолошкиот музеј во Драч, во Албанија.
Вчера, на меѓународниот ден на музите во организација на македонската амбасада во Тирана, и амбасадорот Данчо Марковски, Општина Драч, и двата музеи, пред албанската публика, за прв пат беа поставиме две изложби, “Невестински соништа“ – касели и ковчези од Битола и битолско на авторот д-р Мери Стојанова и “Градски костими“ на авторот Наде Геневска Брачиќ.
Двете изложби претставија еден значаен сегмент од македонската традиционална култура, и еден мал дел од етнолошките колекции на НУ „Завод и музеј“ – Битола.
Во рамките на овој настан беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу двете институции НУ “Завод и музеј“ – Битола и Археолошкиот музеј во Драч, со што всушност беше направен првиот чекор за продолжување и продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете институции.
На отворањето на изложбите покрај другите гости присуствуваше и директорот на Македонскиот културен центар во Тирана Златко Ориѓански, замeник министерот за култура на Албанија, како и словенечкиот амбасадор во Тирана. Завод и Музеј со огромна благодарност на вработените во македонската амбасада, а се истакнува и експедитивноста и безрезервната поддршка на вработените во Општина Драч.

Завод и музеј со две изложби во Албанија и со официјализирана соработка на музеите од Битола и Драч
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физички напад поради недоразбирање во сообраќајот
- Вински фестивал во “Bliss Mall“ – два дена вино, музика и добра музика
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Никола Кочовиќ: вечер е важен натпревар, сите сме мотивирани за победа
- Во Битола промеливо облачно, температурата до 17 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“










