Press "Enter" to skip to content

Битолски библиотекари на меѓународна конференција за библиотекари во Црна Гора

Во Националната библиотека на Црна Гора „Ѓурѓе Црнојевиќ“ во Цетиње се одржа Третата меѓународна конференција на библиотекари, архивари и музеолози – ЛАМ, Црна Гора, 2022 година.

За време на дводневната конференција, насловена „Европски насоки за соработка меѓу библиотеките, архивите и музеите – Агенда на ОН 2030 за одржлив развој – Библиотеките, архивите и музеите како посредници, креатори и партнери во подигањето на културната свест и разбирањето на заедницата“, 29-те учесници ги презентираа своите искуства од Црна Гора и регионот.

На Конференцијата учествуваше Јелена Петровска со презентација на најновиот проект на НУУБ „Св.Климент Охридски“ со тема „Библиотеката – место на средба во Дневната соба на градот“, како и во Панел сесија на покана од претседателката на Друштвото на библиотекарите на Црна Гора, Јасмина Бајо.

На Конференцијата во делегацијата од Македонија учествува и библиотекарите Фатма Бајрам Аземовска, Габриела Костадинова од Библиотеката во Пехчево и Магдалена Кочовска Салтирова од Библиотеката во Кочани.

More from КултураMore posts in Култура »