Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: во Битола започна да се гради “филмската улица“ на “Магнолија“ (фото)

Пред десет години центарот на Битола, поточно плоштадот “Магнолија“, токму во овој период од годината во 2012 година, започна да се претворува во големо филмско студио, а започна да се гради “нова улица“ секако од “филмски материјали“, за потребите за снимање на филмот на Столе Попов, “До Балчак – Приказна од Дивиот Исток“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Според некои тогашни бројки, кои ни беа презентирани од режисерот, тогаш екипата броеше околу 200 лица, што е сериозна бројка за реализација на еден ваков филмски проект, а беа најавени и фимски ѕвезди од Србија, Словенија, Македонија кои ќе бидат дел од филмот, како Мики Манојловиќ, Никола Кољо, Бата Живоиновиќ, а секако и “нашите“ Тони Михајловски, Сашко Коцев…За време на подготовките за снимањето на филмот, кој веќе беше започнат со снимање на други локации, беше најавено дека се работи за филм кој ќе биде доста гледан.Се изгради улица која ги покри спименикот на Филип Втори, фонтаната, а битилчани за прв пат има прилика да гледаат како се гради и како финкционира “филмска улица“ на отворено.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »