Press "Enter" to skip to content

Два нови броја од списанието “Раст“ на друштвото на писатели “Битолски книжевен круг“

Излегоа од печат два броја од Списанието за книжевност, уметност и култура „РАСТ“ (бр. 25 – на 176 стр. и бр. 26 – на 188 стр.) за 2022 година во издаваштво на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ – Битола, а со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Главен и одговорен уредник на списанието е проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, а во редакцијата се и Елизабета Јончиќ и Милица Димитријовска Радевска.

Списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“ веќе 21 година постои на македонската книжевна сцена и секогаш нуди содржини со високи естетски вредности. Во последно време станува актуелно и популарно и на светската сцена поради застапеноста на сè поголем број значајни автори од светот во превод и препев на македонски јазик.

И овој пат стандардните рубрики (Поезија, Проза, Драма и Согледби) се исполнети со наши познати книжевни имиња (вкупно 41 автор во двата броја) и тоа: Раде Силјан, Христо Петрески, Борче Панов, Трајче Кацаров, Никола Маџиров, Снежана Стојчевска, Петар Наневски, Михајло Свидерски, Звонко Танески, Зоран Пејковски, Славица Гаџова Свидерска, Стефан Марковски, Милчо Мисоски, Силвана Нешковска, Никола Илијовски, Билјана Т. Димко, Милица Димитријовска Радевска, Даниела Андоновска-Трајковска, Томислав Османли, Димитрие Дурацовски, Петре Димовски, Елизабета Баковска, Васил Тоциновски, Гордана Стојаноска, Златко Жоглев, Јованка Денкова, Весна Мундишевска-Велјановска, Елизабета Јончиќ, Ирена Павлова де Одорико, Бобан Ристевски, Томе Велков, Адем Абдулаху, Божин Андоновски, Ангела Филовска, Јована Матевска Атанасова, Гордана Јовиќ-Стојковска, Славица Дабевска Ќировска, Габриела Стојаноска-Станоеска, Никола Кочовски и Марјан Анѓеловски.

Освен македонските, застапени се и 60 странски автори преведени на македонски јазик од вкупно 40 земји во светот и тоа: Шведска, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија, Италија, Германија, Украина, Полска, Саудиска Арабија, Бугарија, Австрија, Белгија, Шпанија, Ерменија, Колумбија, Грција, Уругвај, Кина, Финска, Естонија, Аргентина, Белорусија, Нов Зеланд, Доминиканска Република, Никарагва, Мексико, Бангладеш, Западен Бенгал, Индија, Франција, Романија, САД, Холандија, Исланд, Иран, Сицилија и Чиле. Како и минатата година, така и сега, корицата на списанието е дизајнирана со слика од познатата сликарка Симонида Филипова Китановска.

Списанијата во електронска форма се достапни на вебстраницата на Друштвото на писателите „Битолски книжевен круг“ – Битола (https://bkk-pisateli.mk/rast-arhiva/), а ќе бидат промовирани на 2 јули 2022 во 11 ч. во Офицерски дом – Битола во рамките на единаесеттата меѓународна книжевна манифестација „Битолски книжевни паметења“ во организација на „Битолски книжевен круг“. Настанот е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија и поддржан од општина Битола.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »