Денес во кинота “Манаки“ во Битола, со проекција на филмот “Неверојатната приказна за џиновската круша“, започна “Неделата на детски филмови“ која е дел од Битолското културно лето “БИТ ФЕСТ“.
Во “Неделата на детски филмови“ ќе бидат прикажани пет филмови за деца и млади од поновата европска продукција од денеска се прикажуваат со почеток во 11 часот до 8 јули со секојдневни проекции.
Сите филмови кои ќе се прикажуваат во “Неделата на детски филмови“ се синхронизирани на македонски јазик, а денешниот филм “Неверојатната приказна за џиновската круша“ е базиран на истоимената популарна книга за деца од Јакоб Мартин Стрид и е приказна за две другарчиња – слонот Себастијан и мачката Мичо.
Утре “Неделата на детски филмови“ продолжува во 11 часот со проекциј на детската авантура “Кариран нинџа“, исто така синхронизиран на македонски јазик.
На програмата до 8 јули се и „Хакер“, „Патештествието на принцот“ и „Мираи“, а и повторно „Неверојатната приказна за џиновската круша“ и „Кариран нинџа“ со синхронизација на албански јазик. Влезот за проекциите е слободен.
“Недела на детски филмови“ е во организација на дистрибутерската куќа “Узенгија“ во рамките на програмата на годинешното издание на “Бит фест 2022“.
На програма се филмовите “Кариран нинџа“, “Хакер“, “Патешествието на принцот“ и “Мираи“.

Со проекција на филмот “Џиновската круша“ започнува “Неделата на детски филмови“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Обвинителството со детали за сообраќајката кога загина 17 годишна девојка од Битола
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- “Широк Сокак во бело“ по 14 пат, на “Магнолија“ во Битола (мега фотогалерија)
- “Бела ноќ“ во Битола – за најмалите кај Офицерски на 21 август, на “Магнолија“ на 22 август
- Прва вечер на годинашниот 9. “Фестивал на староградска музика“ во Старата битолска чаршија во Битола (фотогалерија)
- Концерт на Жељко Самарџиќ во Хераклеја, вечер исполнета со емоции и песни што не стареат (фотогалерија)
- “Лето е“ нова песна на Ангела Илиевска










