-Еден од меѓународните настани кои во 2012 годдина, пред 10 години се случија во Битола беше светскиот настан “Трка за мирот“, односно помина низ Битола, а со неа и факелот на мирот, започна со своите сеќавања за деновите пред 10 години, Димче Миновски, хроничар и доајен на битолското новинарство.
Миновски за патеката по која по која помина “Трката на мирот вели дека се движела од влезот во Битола, кај кружниот тек Дулие, по ул. “Филип Втори Македонски“, па продолжија на паркинг просторот кај Саат Кулата, до плоштадот “Магнолија“.
-Носиме факел што гори низ Европа, за да ги потсети сите дека ние сме едно големо семејство, каде секој е важен и секој може да го промени светот, рекоа учесниците на трката, која уште се вика и Чинмој, “трка за светска хармонија “, и постои повеќе од три децении, а се трчала низ 150 држави, вели Миновски.
Главната улога на трката е да се поттикне човештвото на единство и разбирање во секојдневниот живот, со цел да се споделуваат идеалите за вечен мир и да се спуштат социјалните бариери кои одделуваат една нација од друга и е поддржана од многу светски личности.
-Свечената церемонија на стартот на трката од различни земји, и со трчање на самата трка, таа претставува најголем и најдолг народен труд за мир на човештвото, додава Миновски.

Деновиве пред 10 години: факелот на “Трката на мирот“ во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Николче Пројчевски: Сите ликови и настани се слика на она што го живееме (фотогалерија)
- Општина Битола: јавен повик за учество во програмата за празнување на 4-ти Ноември
- Нова училница и презентација на тимот “Eco friendly“ во Економско
- СВР Битола: битолчанец измамен од жена за 1.500 евра за влог на берза, повреден работник, подигната стара граната
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 24 степени










