Press "Enter" to skip to content

Италијанскиот ансамбл “Accademia Bizantina“ со концерт на барокна музика во Офицерски дом – Битола (фотогалерија)

Вистинско уникатно патување во минатото во концертната сала на Офицерски дом во Битола, приреди италијанскиот ансамбл за барокна музика “Accademia Bizantina“, познат барокен оркестар од Равена, Италија. Оценет од критичарите и познавачите на овој вид музика  за еден од најдобрите ансамбли за проучување и интерпретација на италијанската музичка продукција низ 17 и 18 век.Канцеларијата на Конзуларниот коресподент на амбасадата на Италија во Битола г-дин Зоран Ристевски и Културно –  информативниот центар Битола  во соработка со Амбасадата на Италија во Македонија и Италијанскиот Институст за култура во Белград го овозможија концертот на овој уникатен барокен оркестар.На концертот, покрај италијанскиот амбасадор г-дин Андреа Силвестри, директорот на Италијанскиот Институт за култура во Белград г-дин Роберто Чинкота, конзуларен коресподент на амбасадата на Италија во Битола г-дин Зоран Ристевски присуствуваше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.Потоа професорот, Роберто Чинкота, директор на Италијанскиот Институт за култура во Белград,  изрази задоволство дека  овој концерт е резултат на соработката на локалните претставници и Амбасадата на Италија во Македонија, при што го  најави амбасадорот на Италија во Македонија Андреа Силвестри кој се обрати со зборовите:-Најпрво дозволете ми да ви се заблагодарам за вашето присуство вечерва во оваа прекрасна атмосфера на неодамна реновираната Палата на културата во Битола позната за битолчани како Офицерски дом. Уште од античките времиња на Хераклеа Линкестис која меѓу другото, била значајна постојка долж римската античка рута Виа Игнација постои голема заедничка поврзаност помеѓу овој македонски регион и мојата земја. Но најважна од нив е културната врска. Од самиот почеток на дипломатските односи со вашата земја (чија 30 годишнина ќе ја прославиме следната година), Амбасадата на Италија се стремеше кон  промовирање на италијанскиот јазик и културна извонредност на сите можни начини и додаде:-Благодарение на прекрасната соработка од страна на локалните претставници и ентузијасти од областа на културата како и нашиот конзуларен претставник за Битола г-дин Зоран Ристевски, сигурен сум дека ќе можеме да направиме и нешто повеќе во иднина. Само за информација, со задоволство Ви соопштувам и за вториот наш настан предвиден за оваа година утрешното отварање на “Неделата на италијанскиот филм“во новото кино “Манаки“.-Исто така задоволен сум што заедно со овде присутниот професор Роберто Чинкота директор на Италијанскиот Институт за култура во Белград успеавме да ја организираме оваа уникатна вечер, со тоа што во Битола го донесовме еден од најреномираните ансамбли за барокна музика “Accademia Bizantina“. Станува збор за еден уникатен барокен оркестар кој се усовршува континуирано во областа на хорската музика и операта со тенденција да оди подалеку од една обична интерпретација на важна италијанска и европска музичка епоха.  Благодарение на нивниот реномиран концерт –мајстор Алесандро Тампиери, како и диригентот Отавио Дантоне-  вистински познавач на барокните изразни кодови, нивната изведба е  вистинско патување низ време, во минатото, рече амбасадорот на Италија Андреа Силвестри.На присутните се обратија  директорката на Офицерскиот дом Битола, Лили Бошевска која изјави дека е голема чест што битолчани имаат можност да уживаат во концерт на “Accademia Bizantina“ барокен оркестар кој настапува на најпрестижните европски и светски сцени.Присутните  имаа едно неповторливо искуство да уживаат  во моќта на музиката  на “Accademia Bizantina“ и прекрасната вечер во Офицерскиот дом Битола.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »