Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: физички напади, во угостителски објект и во ходник од спортска сала и напад на малолетници

На 17.07.2022 во 05.50 часот Ѓ.Т. (32) од Битола пријавил дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Битола најпрвин бил физички нападнат од едно лице, а потоа пред објектот повторно бил физички нападнат од истото лице и уште две други лица кои според пријавеното работеле како обезбедување. Се работи на расчистување на случајот.

На 17.07.2022 во 00.30 часот било пријавено дека во Битола во ходник од спортска сала бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу две лица, 23 годишник од село Сарандиново и 43 годишник од Битола. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 16.07.2022 во 09,00 часот СВР Битола, З.Н.(57), М.П.(44), Т.А.(40), В.М.(56) и Д.М.(49) сите од Битола пријавиле дека претходниот ден на 15.07.2022 околу 21.00 часот нивните малолетни деца биле вербално и физички нападнати од лице од Битола. За настанот е известен Јавен обвинител и се превземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »