Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер е освојувач на турнирот во Струга, Лесјак херој во пенал серијата за 13 титула за Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Целје Пивоварна Лашко 7:6 (пенали)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола е победник на јубилејното педесетто издание на Меѓународниот турнир во Струга, и со тоа ја освои 14. титула на овој турнир кој годинава се одигра по 50 пат. Но, наместо во битка во трање од 60 мунити, поради лошото време на отвореното игралиште на “Женска плажа“ и лизгањето на подлогата и опасноата од повреди, победникот го одлучија серијата од 10 пенали, по одлуката на организаторот и екипите, по долгата пауза и консултации. До прекинот во 8. минута резултатот гласеше 3:4 за Словенците и напад за пелистерци.Голманите добија клучна улога и беа во центарот на вниманието на навивачите, кои негодуваа на начинот на кој што беше одлучено да заврши турнирот.Прв погоди Дејвис за пелистерци, а Цока промаши на спротивната страна во првата серија. Капитенот Радовиќ беше сигурен за македонскиот тим, реализираа и Ојлески, Кузмановски, Ѓорговски, но промаши Васиљев и го врати Целје во игра за победата. Но, Лесјак одбрани уште два пенали и обезбеди клучна предност и победа за Еурофарм Пелистер.Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги собраа индивидуалните признанија на јубилејното педесетто издание на Струшкиот ракометен турнир. Кружниот напаѓач на битолскиот клуб,, Жарко Пешевски е избран за најкорисен играч (МВП) на турнирот. Голманот Урбан Лесјак е најдобар голман на турнирот и со тоа потврди дека уште еден бундеслигашки трансфер и тоа како може да им се исплати на пелистерци. Лесјак одбрани два пенали во финалната серија (еден удар заврши во стативата), а блескаше и во преостанатите три натпревари.

Ова е тринаесетта титула за пелистерци, кои на вечната листа се изедначија со Вардар 1961. 

More from ВестиMore posts in Вести »