Press "Enter" to skip to content

Концертот и изведбата на “Македонско девојче“ на хорот од Познаљ награден со неколку минутен аплауз (видео+фотогалерија)

Синоќа во Офицерски дом во Битола се одржа хорски концерт на Женскиот младински хор на МКЦ и Камерниот хор на Универзитетот “Адам Мицкјевич“ од Познањ, Полска, љубителите на хорската музика од Битола уживаа во изведбите.Со Женскиот младински хор на МКЦ диригираше битолчанецот Сашо Татарчевски, а оваа година за нив е значејно што слават голем јубилеј 50 години успешна и континурана работа. Токму овој јубилеј, уметничкиот раководител со цел достојно да го одбележи одлучи тоа да го направи преку заедничка соработка со извонредни хорови од светот на повеќе интернационални настани.Во Битола хорот на МКЦ се претстави, како рече диригентот Татарчевски, со изменета програма, а настапот го започна со изведби на хорска црковно пеење со оглед на вчерашниот голем православен празник. Покрај Старо црковно пеење исполнија и песни од Тодор Скаловски, Стојан Стојков, Артем Ведељ, Ѓорѓи Димчевски, Драган Шуплевски, Ристо Аврамовски и од странски автори.Маестро Сашо Татарчевски дипломира  и магистрира на ФМУ Скопје, а посетува и мајсорски курсеи кај познати светски диригенти. Има настапувано со голем број разбовидни домашни и странски ансамбли на сцените низ цела Европа и има освоено 30 највисоки награди. 

Камерниот хор на Универзитетот “Адам Мицкјевич“ од Познањ, Полска е раководен од Кшиштоф Шиџиш настапува на сцената од 1992 година. Тој е еден од најдобрите универзитетски хорови во Полска, составен од студенти, дипломирани студенти и млади професори од УАМ, како и од студенти, дипломци и наставници на други универзитети во Познањ. Хорот одржува концерти ви Полска и странство, Австралија, САД, Боливија, Еквадор, Перу… каде освојува престижни награди од членови на жири и публика.Во Битола Камерниот хор на Универзитетот “Адам Мицкјевич“ од Познањ  се претстави со полска традициолнална музика, со песни од полски автори, Шведска традиционална музика, Италијанска традиционална и со соло изведби.На радост на битолчани кои синоќа го исполнија Офицерски дом хорот и солистите ја изведоа “Македонско девојче“, а за неа и останатите избедби беа наградени со неколку минутен заслужен аплауз.