Сашо Ристевски
-Не станавме “железни мажи“, но издржавме, ги победивме нашите стравови и завршувањето на триатлонот за нас е една голема сатисфакција за тоа што се подготвувавме долго и напорно, велат Горан и Мартин Јовановски од Битола.
Триатлонот “Iron Man“ кој се одржува во градот Мастрих во Холадија е еден од најголемите спортски предизвици, а само малкумина во светот се одважуваат да ги поминат километрите во трите дисциплини, пливање, велосипедизам и трчање. Едни од нив се Горан Стефановски и Мартин Јовановски од Битола кои го издржаа годинашниот триатлонот “Iron Man“ во Холандија, кој е еден од најтешките кои се одржуваа.
Горан Стефановски е ембриолог во болница “Плодност“ во Битола, а Мартин Јовановски дел од тимот на аптеките “Карта Медика“ во Битола. За идејата и за тоа од каде идејата за учество на триатлонот Стефановски вели:-Идејата за учество на триатлонот “Iron Man“ дојде читајќи и следејќи ги триатлоните во светот, кое, морам веднаш да кажем дека е мошне интересно натпреварување кое се одржува на сите континенти, а во Европа се вкупно 15 трки годишно. Потоа наши пријатели и мојот другар во Бугарија во 2018 година учествуваа на триатлонот во Холадија, и тогаш практично започна и подготовките за учество на триатлонот “Iron Man“. Морам да кажам дека претходно скијав, пливав активно како помлад, но за време на школувањето на факултет се се сведе на рекреативно спортување. Со скијање се занимавам сериозно, секако колку дозволува слободното време. Требаше пред две години во 2020 година да учествуваме на триатлонот “Iron Man“, но корона кризата тоа го одложи, бидејќи секаде беше ограничен бројот на натпреварувачи, а ние како нови триатлонци не можевсме никаде да се регистрираме.
За разлика од Горан, Мартин се занимава поактивно и попрофесионално со спорт, беше велосипедист, а битолчани го препознаваат и како спортски директор во изминатата сезона во КК Пелистер. Мартин за овој предизвик вели:-Последните години активно се занимавам со велосипедизам, а по подготовките за триатлонот, минатото лето почнавме да аплицираме каде ќе настапиме, односно да обезбедиме учество на триатлон. Желба ни беше да одиме во Санк Петерсбург, но таму немаше место, потоа аплициравме за Франција. Потоа за да можеме да го реализираме патувањето, организацијата, со ограничени средства, логично беше да “бркаме“ учество во Европа, а успеавме да обезбедиме во Мастрих, Холандија. Во 2021 година ја уплативме котизацијата и започнавме со посериозни подготовки за триатлонот.
-Првото што секој нов триатлонец мора да го направи пред да започне со подготовките е да се “пофали“ односно да им каже на сите дека ќе учествува, за да не се откаже, да му биде срам. Многу често луѓето се откажуваат уште во подготовките бидејќи подготовките се пеколни од самиот старт. За да не случи тоа морам прво да се подготвите на психички план, бидејќи подготовките траат долго време и се многу тешки, вели Стефановски, а за подготовките Мартин додава:
-Подготовките значат шест дена тренинг неделно и само еден ден слободен. Во тие шест дена тренингот трае три часа. Од лани летото до мај трениравме по една дисциплина на ден, велосипед или трчање. Од март, посебно од мај започнавме да ги комбинираме тренинзите. Возиме “точак“ 80-90 километри и плус трчање. По возењето на велосипед за 5 минути почнуваме со трчање. Пливањето поради немањето на услови за пливање, започнавме со трите дисциплини кога се отвори Олимписки базен, во јули активно, но “точакот“ ни беше ударна дисциплина, а потоа трчањето. Тоа значеше тешко да се издржат подготовките, бидејќи тоа нас спортто не ние е професија, имаме други професионални ангажмани. Ние мораме да комбинираме, одевме на работа со трчање, од работа повторно. Трчавме во паузите помеѓу две обврски. Работните и фамилијаните обврски се големи и затоа буквално крадевме време за тренинг.
На крај кога не се откажаа за време на подготовките, и не се посрамотија пред тие што се пофалија, дека ќе бидат “Iron Man“ дојдоа до посакуваната цел, учество на триатлонот “Iron Man“.
-Триатлонот “Iron Man“ во Мастрих е еден од “најзахтевните“ трки во Европа и во светот. Прво е пливањето во река каде се плива 2 километри, а еден километар се плива спротивно од течењето на реката, а водата е премногу загадена и ладна и тече со 2,5 километри на час брзина. Ние моравме да пливаме 3,5 или 4 километри на час за да успееме да стигнеме на целта. Потоа е полесно, “те носи“ реката, а потоа 600 метри се трча до транзит зоната каде имаш 10 минути за преслекување, а потоа има уште трчање до велосипедот, вели Горан, а Мартин како “специјалист“ за велосипед додава:
-Ние бевме подготвени за четири нагорнини и мислевме дека Холандија е рамна, но не било така. Направивме околу 40 возења на угорнини, а секое качување беше да појасниме, од на Лазо Вилата до Молика, а тоа беше 40 пати, што не е ни лесно ни наивно. Потоа следуваше трчањето уште 22 километри. И повторно истата мака, од 7-9 километри трчање по угорници со успон 120 метри висински должина 2 километри да искачеме и тоа два пати. Ако се земи во предвид дека оваа беше последната фаза, по пливањето и “точакот“ тежината е многу поголема.
Триатлонот “Iron Man“ е предвиден да се заврши во рок од 8 часа, Мартин го заврши за 5 часа и 30 минути, а Горан за 6 часа и 20 минути. Двајцата се задоволни не само од времето кое го постигнаа со оглед на тежината на теренот посебно на возењето на велосипедот.-Самите обележја на патеката не укажува дека ќе биде толку тешко да се издржи триатлонот “Iron Man“. Ние немавме можност со автомобил да ја поминеме “сувата патека“ и немавме можност да ја пробаме водата бидејќи беше забрането. На само 5 минути пред стартот во водата поминаа два танкери и само тоа ни беше знак колку е загадена водата. Кога ќе додадеме и дека таму каде бевме најподготвени, велосипедот, најмногу не истошти, сме презадоволни од постигнатото време, вели Горан.
За самата организација на учеството на триатлонот, Мартин вели дека има многу мали работи кои треба да бидат направени и додава:-Велосипедот мора да се “сетиран“ лично за секој посебно, а тоа го направи Никола од Битола, а бидејќи не може да се пушти со авион Горан со автомобил со велосипедите возеше од Битола до Мастрих, а јас пристигнав со авион.
Двајцата со радост истакнуваат дека иако поминаа тешко сепак целиот труд вредел до последна капка пот. Посебно е значајно за нив тоа што го победија стравот од тоа дали физички ќе издржат во предизвикот.-Резултатот е голема сатисфакција за нас, го победивме стравот, времето, односно невремето, дожтот, снегот, стравот да се вози низ Битола по улици, бидејќи нема вело патеки, можноста да не “удри кола“ до Претор, до Охрид, до Прилеп е голема. Немањето на базен за пливање е голем хендикеп за нас, не тенираме пливање ни дава посебна вредност на резултатот, истакнуваат двајцата кои се восхитени од самата организација на триатлонот “Iron Man“, во кој не смеат триатлонците да имаат електронски памагала како телефон, не смеат да слушаат музика, освен часовник, а посебен е режимот во транзит зоната, која за запечатува еден ден претходно, велат двајцата и за крај ни рекоа:
-Се надеваме дека двајцата ќе биде поттик за некои идни генерации да го направат истото. Ние не се чуствуваме како “железни луѓе“ но се чуствуваме исполнето и се надеваме дека засилени со уште еден битолчанец, кој не го кажуваме, ќе направиме здружение со кое во иднина да им го отвориме патот на некои други полесно да го направат ова, а можеби и еден ден Битола да има свој триатлон. Но, желбата за учество на триатолот во Петерсбург останува, да се плива во ладна вода што е посебен предизвик. Но, се надеваме и дека и понатаму ќе ја имаме поддршката прво од семејствата, а бидејќи сме професионално ангажирани поддршка од мојот работодавец, прим. Д-р Таше Трпчевски, од колегите, пријателите, од вас како медиум кој не следи, вели Горан, а Мартин додава:
-Во модерниот, бизнис, свет, триатлонот е како голфот “на времето“, е мотив за почеток на разговор за било кој бизнис, а јас и Горан се надеваме дека сме почетници кои го трасиравме патот за триатлон во Битола и се надеваме дека ќе се следат и други, бидејќи не сме само ние, има и битолчани кои се повеќе физички подготвени од нас, а тоа можат и мораат да си го докажат прво пред себе, а потоа и пред другите.