Press "Enter" to skip to content

Две нови победи на младинките на Пелистер Волеј во Гостивар

Пелистер Волеј – Работнички Скопје 2:1

Пелистер Волеј – Феникс Волеј 2:0

Младинската екипа на Пелистер Волеј  без пораз ја заврши групната фаза со две нови победи и прво место, а тоа значи добра стартна позиција во нокаут фазата која започнува во пролетниот дел.

Иако во Гостивар одбојкарките настапија без пет стандардни играчи, а половина екипа беше составена од пионерки и кадетки кои го понесоа товарот. Во екипата се сретнаа играчи кои прв пат играат заедно, либеро во својство на примач, примач на позиција коректор, односно секаде каде има потреба да се одговори на задачата.

-Дојдовме растеретени и со мисла дека нема што да загубиме па првиот натпревар кој всушност беше реприза на првите два дуели меѓу Пелистер и Работнички, повторно идентично заврши со победа на нашата екипа со ист резултат 2:1 со таа разлика што во првите натпревари правевме пресврт од 0:1 додека денес браневме водство од 1:0 и го одбраниме со убава и слатка победа. Феникс како домаќин кој прв пат вплови во младинската лига беше, лесна задача дури и за нашата пионерска екипа која со 2:0 по трет пат ја совладаа екипата од Гостивар, велат од Пелистер Волеј.

More from ВестиMore posts in Вести »