Press "Enter" to skip to content

ФК Јени Маале со забава за крај на есенскиот дел од натпреварувачката 2022/2023 година (фотогалерија)

Фудбалскиот клуб Јени Маале, од истоимената битолска населба, со традиционалната забавата која ја организираше и која се одржа во ресторанот “Вила Виста“ симболично прогласи крај на есенскиот дел од натпреварувачката сезона 2022/2023.Како и на секоја претходна забава, така и на оваа, воведниот збор во истата го имаше капитенот на екипата Никола Пискачев, кој во една кратка ретроспектива успеа да ја потсети целата екипа на најважните моменти од изминатата полусезона.Притоа, капитенот не заборави да напомене и да потенцира дека на резултатски план ФК Јени Маале се чини дека потфрли и дека капацитетот на оваа екипа е поголем, со што испрати порака до сите играчи и до останатите присутни од стручниот штаб и од управата дека пролетниот дел мора и ќе биде резултатски подобар.Покрај заложбата за подобри резултати во пролетниот дел, Никола Пискачев не заборави да им се заблагодари на сите спонзори кои на еден или на друг начин го помагаат клубот. Во тој дел голема благодарност упати кон сопственикот на “Форматика“ од Битола – Златко Филиповски, Горан Лукач од Австралија и неговата компанија “Lukach Developments“, Николче Симоновски – Јошка, компанијата “Реприм“ од Битола, Синдикатот на РЕК – “Битола“ – Менде Фидановски, ресторанот “Вила Виста“, како и на интернет порталот “Bitolanews“.Јени Маале му се заблагодарија на присуството на Тони Мицевски, кој што е голем пријател на клубот. Посебна благодарност проследена со неколкуминутни овации му беше оддадена на Митко Стојковски, легендарниот македонски фудбалер кој имаше богата интернационална кариера и кој што од денот на формирањето на клубот, па до денес несебично го помага, односно во моментите кога клубот се наоѓал во позиција да опстои или не, Митко секогаш излегувал во пресрет и не дозволил клубот да згасне.Ваквиот негов пристап може да се објасни само на еден начин, а тој начин е поврзан со емоциите кои Митко ги има кон Јени Маале како клуб, како и кон населбата во која се родил и израснал, а подоцна и од која излегол како фудбалер.Во продолжението на воведното обраќање, капитенот на екипата додели посебно признание на еден од поискусните фудбалери на Јени Маале, Благојче Петревски – Дугал, за како што кажа посебен придонес во процесот на развој, афирмација и опстанок на клубот во изминатите 14 години. За таа цел капитенот од името на целиот клуб на наградениот играч му додели дрес од клубот во трајна сопственост.Традиционално, забавата ја отвори Тони Мицевски со интерпретација на една од битолските најпознати песни “Ако одам во Битола“.Потоа следуваа голем број на народни песни кои ги исполнуваа членовите на дуото “Џокер Бенд“ кои исто така влегуваат во кругот на пријатели на Јени Маале.Забавата доби на тежина, односно клубот беше почестен и од присуството на естрадниот уметник и еден од најпознатите поп пејачи на македонската екстрада – Ламбе Алабаковски, кој ја збогати вечерта со изведба на неколку песни.Како што одминуваше времето и како што атмосферата полека го достигнуваше својот максимум, играчот на Јени Маале – Андреј Лозановски – Лозано, кој што покрај тоа што е добар фудбалер важи и за одличен шоу мајстор, изведе неколку песни кои се неминовен дел од репертоарот на клубот т.е. на екипата.На самиот крај од забавата, капитенот ги соопшти и плановите на клубот т.е. на управата на клубот на чело со претстедателот Благој Делев за подготовките и за настаните кои се планираат да се организираат во рамките на прославата за 15 години постоење на ФК Јени Маале, што треба да се случи во текот на наредната 2023 година.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »