Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: претрес во Битола, пронајдени близу 1.500 пиротехнички средства

Денеска (20.12.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола по обезбедена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот на лице од Битола.

При извршениот претрес пронајдени се 1.488 парчиња различни видови пиротехнички средства.

Предметите од страна на полициските службеници се одземени, а со лицето е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

More from ВестиMore posts in Вести »