Press "Enter" to skip to content

Караџовски: очекуваме поддршка од битолчани да се обидеме да го победиме шампионот

Денес кошаркарите на Пелистер во Битола во 17 часот го играат последниот натпревар во оваа календарска година, а за противник го имаат тимот на шампионот на Македонија, екипата на МЗТ Скопје. Ова е нивно прво нивно соочување по финалната серија за шампионската титула во јуни оваа година, кога гледавме во Битола исклулително интересни натпревари. 

Димитар Караџовски пред денешниот натпревар рече:

-Со МЗТ Скопје играме на домашен терен, пред нашата публика и се надевам дека пред новогодишните празници и битолската публика ќе дојде во поголем број и ќе ни помогне. Екипата на МЗТ Скопје не е во најдобра ситуација и форма по поразот од Сплит.  Играме дома и се може да се случи, двете екипи не се во најдобар ритам, можеби ги стигна и замор, но ќе се обидеме и тој натпревар да го добиеме.

More from СпортMore posts in Спорт »