Пелистер Волеј – Форца Волеј Ема 3:1
(25:23; 25:18; 22:25; 25:06)
Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола, на гостувањето во Скопје, во рамките на 14. коло од Втората одбојкарска лига на Македонија, остварија уште една значајна победа над младата екипа на Форца Волеј Ема со резултат 3:1 по сетови. За оваа победа која значи и чекот плус кон крајната цел, враќање во Првата лига, тренерот Роберт Митковски вели:
-Натпревар во кој започнавме непрепознатливо и иако ги добивме првите два сета, на терен не изгледавме добро, а уште помалку допадливо, познавајќи ги сопствените можности, а тоа резултираше со губење на третиот сет. Сепак, тоа како да ги запали моторите на Пелистер со што се покажа вистинското лице на нашата екипа, дозволувајќи им на противничките само 6 поени.
Најистакната во нашите редови беше Софија Проковиќ со 16 поени, Меланија Каралиоска запиша 12, а 9 поени освои и техничарката Билјана Јаковлевска што е невообичаено за позицијата која ја игра.
Поените ги освоија: Софија Проковиќ 16, Меланија Каралиоска 12, Билјана Јаковлевска 9, Анастасија Ристевска 6, Стефани Најдановска 6, Лиле Лозановска 4, Ивана Белокозовска 3, Емилија Бицевска 2, Василиче Наумоска 2 и Христина Трајчевска 1.