Press "Enter" to skip to content

Фото вест: стартните пакети и броеви поделени, “Мини Трчај бе“ може да започне

Битола одбројува до возбудливата трка која ќе и се случи на Битола утре, недела, на 11 јуни, а тоа е првата трка за деца “МИНИ Трчај бе“. На само еден ден пред стартот поделени се стартите пакети и броеви и останува уште само еден ден за нашите мали шампиони да ги облечат своите патики, да го прифатат предизвикот и со радост да ја поминат целта до медал кој го добива секој наш учесник.

“Трчаме со најмалите, трчаме за здравје и живот“ е слоганот  за детското трчање, инспирирајќи ги најмладите и промовирајќи здрави животни навики.

-Трката започнува во 11 часот, забавната програма започнува во 10.30 на Шеталиште кај “Скејт паркот“, а поканети сте сите, порачуваат од тимот на “Мини Трчај бе“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »