Претседателката на Советот на Општината Битола, Габриела Илиевска, за денес 2 октомври, ја закажа 32. по ред седница на Советот на Општината Битола на овој советнички состав со почеток во 10 часот.
На дневен ред, според најавата ќе има 46 точки по кои ќе се расправа и ќе донесат Одлуки, како согласност со “Јуроп хаус“, за кофинансирање на проектот “Smart4You2”, Стратегија за локален економски развој, годишни извештаи и програми,
На дневен ред е:
1. Одлука за давање на согласност на Градоначалникот за потпишување на анекс меморандум со ДЕУ за соработката за Јуроп Хаус Битола.
2. Одлука за изменување на Одлуката за согласност и кофинансирање на проектот “Smart4You2”.
3. Стратегија за локален економски развој на Општина Битола 2023-2027 година.
4. Програма за измена и дополнување на Програмата за финансирање и изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2023 година.
5. Одлука за 17-та измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Битола.
6. Програма за измени на Програмата за развојни планови на општина Битола за периодот 2023-2025 година.
7. Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола за 2022/23 година.
8. Програма за работа на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола за 2023/24 година.
9. Решение за давање согласност на Одлуката за добивање согласност на број на деца кои ќе бидат згрижени во воспитни групи за деца во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола.
10. Одлука за одјавување на возила во сопственост на Општина Битола.
11. Одлука за давање на времено користење на движна ствар без надоместок сопственост на Општина Битола на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола.
12. Информација за безбедносната состојба на подрачјето на ПС-ОН Битола во текот на првото полугодие од 2023 година.
13. Годишен Извешај за работата на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито” Битола за учебната 2022-2023 година.
14. Годишна Програма на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито” Битола за учебната 2023-2024 година.
15. Годишен Извешај за работата на ОСМУ„д-р.Јован Калаузи” Битола за учебната 2022-2023 година.
16. Годишен Програма за работата на ОСМУ„д-р.Јован Калаузи” Битола за учебната 2023-2024 година.
17. Годишен Извешај за работата на СОЕУ„Јане Сандански” Битола за учебната 2022-2023 година.
18. Годипна Програма за работата на СОЕУ„Јане Сандански” Битола за учебната 2023-2024 година.
19. Годишен Извешај за работата на СОЗУ „Кузман Шапкарев” Битола за учебната 2022-2023 година.
20. Годишна Програма за работата на СОЗУ„Кузман Шапкарев” Битола за учебната 2023-2024 година.
21. Годишен Извешај за работата на СОТУ„Ѓорги Наумов” Битола за учебната 2022-2023 година.
22. Годишна Програма за работата на СОТУ„Ѓорги Наумов” Битола за учебната 2023-2024 година.
23. Годишен Извешај за работата на СОУ Гимназија „Таки Даскало” Битола за учебната 2022-2023 година.
24. Годишна Програма за работата на СОУ Гимназија „Таки Даскало” Битола за учебната 2023-2024 година.
25. Годишен план за вработување на Општина Битола за 2024 година.
26. Годишен план за вработување на ЈКП Водовод Битола за 2024 година.
27. Годишен план за вработување на ЈП Комуналец Битола за 2024 година.
28. Годишен план за вработување на ЈП Пазари Битола за 2024 година.
29. Годишен план за вработување на ЈП СИЗ Жабени Битола за 2024 година.
30. Годишен план за вработување на ЈППЈЛП Битола за 2024 година.
31. Годишен план за вработување на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола за 2024 година.
32. Годишен план за вработување на КЈП Нискоградба Битола за 2024 година.
33. Годишен план за вработување на МЈП Пелалинк за 2024 година.
34. Годишен план за вработување на ОЈУ Зоолошка градина Битола за 2024 година.
35. Годишен план за вработување на ЈОУ КИЦ Битола за 2024 година.
36. Измена на Годишен план за вработување за 2024 година на ООУ„Елпида Караманди” Битола.
37. Решение за давање на согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместок за користење на услугите што ги врши ЈП Пазари Битола.
38. Решение за давање на согласност на Одлуката за измена на статутот на ЈП Пазари Битола.
39. Решение за разрешување и именување на член во УО од редот на советот на корисници во ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер” Битола.
40. Решение за разрешување и именување на член во Училишниот одбор на СОЗУ„Кузман Шапкарев” Битола.
41. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Олевени во идна урбанистичко планска документација (КП бр.84/5 КО Олевени).
42. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Крстоар во идна урбанистичко планска документација (КП бр.788/9 КО Крстоар).
43. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Крклино во идна урбанистичко планска документација (КП бр.2173 КО Крклино).
44. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Битола 4 во идна урбанистичко планска документација (КП бр.16849 и КП бр.16850/1 КО Битола 4).
45. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Битола во идна урбанистичко планска документација (КП бр.18283 и КП бр.18279 КО Битола).
46. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Битола во идна урбанистичко планска документација (КП бр.15809/1 КО Битола).