Press "Enter" to skip to content

РЕК Битола подготвен за престојната зимска грејна сезона, изршени ремонти на “блоковите“ – 500 илјади тони јаглен на сите депониии (фото)

Денес во Рударско енергетскиот комбинат Битола се одржа прес-конференција на која присутните беа запознати со каква кондиција се наоѓа РЕК Битола пред престојната грејна сезона која започнува за неколку дена.На прес-конференцијата беше присутен раководниот тим на овој наш најголем производител на електтрична енергија, предводен од генералниот директор на РЕК “Битола“, Пеце Матевски, кој рече:-Сакаме најпрво да известиме дека завршени се ремонтите на “Блок 1“ и “Блок 2“, и се преземени сите мерки за стабилно произвдство на елекрична енергија, но сепак сакам да нагласам дека покрај тоа што го преземаме сите работи за да имаме стабилно производство, сакам да нагласам дека управуваме стари машини, стари системи со кои успешно се справуваме за да имаме стабилно производство.Состојбата со јаглен, на допрема на јаглен, или “рековски“ кажано, “на депонија“ е во, можам да кажам, во завидно ниво. После многу години ја отпочнуваме грејната сезона со околу 500 илјади тони јаглен, на главна депонија и на помошни депонии.Да нагласам дека до сега вакво количество на ископан јаглен било само во “златното“ време на РЕК “Битола“. Нашите вработени покрај тоа што го ископаа овој јаглен имаме откривна од два милиони тони јаглен.-До крајот на овој месец ќе започнеме и со работа на сите три блока, ќе имаме стабилно производство, кое е донесе и повеќе електрична енергија. Тоа за сите вработени кои дадоа максимум од себе да дојдем до овие резултати, сакам да им искажеме голема почит и голема благодарност. Помеѓу двете грејни сезони можеме да се пофалиме и со повеќе активности кои се преземени во РЕК “Битола“. Пуштен е новиот БТО систем, преместувањето на јагленовиот систем од осум километри, заменети се старите панели со нови, еколошки панели на разладбата кула на “Блок 2“. Се санираат и покривите на бараките, односно салонитните-азбестни плочи се заменуваат со нови покриви, по 40 години откако постојат овие простории во Комбинатот.Сите овие активности ги прави  овој менаџерски тим, се со со една цел да биде добро за рабортниците во РЕК “Битола“, кон таа цел која ја имаме сите за подобри услови за работо мора да се нагласи дека нашите вработени добија и 15 проценти повисока плата.Околу производството ќе додадам дека РЕК “Битола“ се движи заклучно со производството кои ни е дадано од ЕСМ успешно доставуваме елекстрична енертија во системот, а можеме да се пофалиме, дека споредбено 2021 – 2023 сме 130 проценти повисоко производство, а за разлика од 2022 – 2023 сега сме 2 проценти повисоко. Има уште да произведуваме до крајот на годината а ќе имаме и подобри резултати.Исто како и лани ќе има узоз на јаглен кое со висока калорична моќност за да имеме хомогенизација – мешање, бидејќи нашиој јаглен кој сега го ископуваме е “посиромав“ и е со многу ниска калорична вредност. Ќе набавуваме од Грција и Албанија, а количините ќе бидат според потребата која ќе ја имаме, секако во рамките на договорите.Инаку, сега во Комбинатот во два рудници “Брод Гнеотино“ и “Суводол“ и во термоелектраните вкупно работатат 2.020 вработени, а целиот менаџерски тим поренцира дека дефицитот на стручна работна сила се чувствува, а го нема ни на пазарот за работна сила. Недостатоток на вработени ќе се чувствува и понатаму, а истиот проблем го имаат и во соседните земји, секаде недостигаат работници, поради специфичноста на работата и ракувањето со специфични машини.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »