Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи ТФТ на Златибор во АБА2 лигата

Пелистер – ТФТ 83:79

Во дуелот на две македонски екипи во АБА2 лигатам на “балонот“ во Златибор, “пелистерци“ славеа против ТФТ Моцарт (83:79) во натпревар со доста промени на водството, и егал ситуации.

ТФТ Моцарт започна многу подобро во однос на Пелистер и на крај по првите 10 минти имаа предност од пет поени 16:21. Втората четвртина многу подобра за Пелистер, а кошаркарите беа доста ефикасни. И во тој временски период направи комплетен пресврт. По 20.одиграни минути Пелистер со водство 39:33.

Во третиот период од играта ТФТ Моцарт успеа да го анулира водството а потоа во последната четвртина двете екипи влегоа со подеднакви шанси за успех. “Пелистерци“ на почетокот на решавачкиот дел, во минута и пол, Пелистер направи (5:0) доволно за водство (64:59).  ТФТ стигна до нов нерешен резултат (74:74), и водство (74:77). Во последните три минути за одлука околу победникот следуваше добра реакција на “пелистерци“ за промена на водството 79:77, а потоа и 81:78. А по добрата одбрана “пелистерци“ дојдо до заслужена победа.

Со реализирани 23 поени Јуре Планиниќ беше и најефикасниот играч кај Пелистер. Бернард запиша 13 поени, а Костоски 11.

More from ВестиMore posts in Вести »