Press "Enter" to skip to content

Денес почнува скијачката сезона на ски-центарот “Стрежево“ – Нижеполе

-Традиционално, за сите посетители од Битола и околните градови скијањето на првиот ден е промотивно (бесплатно) на двата ски лифта, а ќе има и ноќно скијање.

И оваа сезона скијањето на ски патеката со која стопаниува “Стрежево“ од Битола ќе биде достапно за посетителите по поволни цени.

-Синоќа со наша механизација и камиони од Македонија пат се овозможи патот да биде прооден и проширен по интензивните снежни врнежи деновиве, а се чисти и паркинг просторот наменет за посетителите на ски-центарот Стрежево, и воедно се завршува со уредување и обележување на постојните скијачки патеки, вели директорор на “Стрежево“ Менде Граматковски. Денес ќе биде ставена во функција и редарската служба. Нашиот скијачки центар е целосно екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски – терените, порачаа од ски-центарот “Стрежево“ – Нижеполе.

More from ВестиMore posts in Вести »