Press "Enter" to skip to content

“Лајонс чорбијада“ – на заеднички хуманитарен настан на трите Лајонс клубови од Битола (фотогалерија)

На, отворено, пред НУ Народен театар Битола се одржа заеднички хуманитарен настан на трите Лајонс клубови од Битола, “Битола“, “Хераклеја“ и “Кабадаја“ кој беше насловен “Лајонс Чорбијада“ на која беа сервирани и послужени чорба,  греано вино и ракија и секако  чашка добро расположение. Сите собрани средства ќе бидат донирани во  домот за стари и лица “Сју Рајдер“ од Битола.Во име на трите лајонс клубови од Битола, зборуваше Борче Димитровски, кој рече:-Секогаш е добра иницијативата кога потекнува од повеќе активисти кои доаѓаат од различни здруженија иако “под капата“ на Лајонс дистрихтот на Македонија. После подолго време сите три клуба Лајонс од Битола, “Битола“, “Хераклеја“ и “Кабадаја“, организираа заедничка активност и за прв пат се организира “Чорбијада“, настан од хуманиратен карактер, што впрочем е и функционирањето и делувањето на лајонск клубовите од целиот свет, на една од организациите кои што имаат најголем број на членови која за наредните години ќе дојде до бројката од милион и половина на светско ниво. Средствата кои што ќе бидат с0брани ќе бидат донирани во општинската установа, старски дом “Сју Рајдер“ за поддршка на активностите на домот. Една од основните мисии на лајонс клубовите е служење на заедницата, а и мотото е “Ние служиме“. Во таа насока можеме да очекуваме и следни вакви настани, кои ќе прават поттик за целата заедница.Додека се одржуваже “Лајонс чкембаријадата“ во Битола се одржуваше и “кабинет“ – средба на сите лајонс клубови од цела Македонија, кои потоа дојдоа да бидат дел од настанот кој го организираа лајонс клубовите од Битола.  Бети Неловска, гувернер на Сојузот на лајонс клубовите на Македонија за посетата на Битола и на хуманитарната акција рече:-Денес за престој во Битола имаме двоен  повод, едниот е состанок на “кабинет“, вториот е поддршка на акцијата која ја спроведуваат битолските клубови, е секако третиот е да се дружиме сите заедно. Битолските клубови со својата работа се пример во Дистрихтот. Тие се обединети и заедно дејствуваат и се познати и препознатливи во Општината и во државата. Што се однесува пак до денешната акција, јас дојдов подоцна, но се надевам дека дојдоа доста луѓе, кои собраа пари да се помогне на штитениците в0 домот “Сју Рајдер“. Хари Гоцев, вицегувернер во Дистрихтот 132 во Лајонс Интернејшенол, за хумантарниот настан во Битола рече:-Се радуваме то присуствуваме на хуманирна акција која што ја организираат сите три битолски клубови. Прекрасна акција, а собраните средства ќе бидат донирани. Мотото на лајнизамот е “Ние служиме“ така да ние сме волонтерска организација во која даваме дел од своето време во хуманитарни цели. Кога сум во Битола би кажал дека битолските клубови се, да не ги фалиме“ се едно од поактивните во Македонија. Тие се стари клубови, етаблирани со големо членство и искуство. Тоа што досега имаше два гувернера од Битола кажува каква е интенцијата на битолските клубови и каква е нивната хуманитарна активнист. Ние како “кабинет“ сме тука да ја поддржиме секоја нивна активност, а следната колку што сум запознат е на 28 декември. 

More from ВестиMore posts in Вести »