Синоќа во салата во медицинско училиште во Битола се одигра натпревар помеѓу поранешни одбојкарки на Пелистер Волеј од Битола заедно со своите тренери од една страна, а од другата страна актуелната сениорска екипа, додека резултатот беше во втор план (1:1 и 14:14).
-Тоа е само уште една симболика, силна порака која ја праќаме по којзнае кој пат за единство, љубов и среќа. Со ова продолжува десетгодишната традиција на крајот на годината да организираме еден натпревар во кој оддаваме чест и благодарност до сите оние одбојкарки кои оставиле неизбришливи траги, кои на свој начин допринеле за издигнување на Пелистер Волеј на највисоко можно ниво, порачаа од Пелистер Волеј.
Во исто време, истакнаа од клубот, дека овие наши членови биле и сеуште се одличен пример не само за успешни спортисти, туку за успешни и реализирани личности кои имаат високи морални вредности, огромна почит и љубов кон сите во Пелистер Волеј.
Најголемата емоција преку видео пораки ја испратија е тесно поврзана со самиот клуб кој дефинитивно е над сите нас и тоа е клуб на женската популација но и на цела наша Битола, клуб кој допрва ќе се издигнува и ќе покажи зошто заслужува место високо на пиедесталот во својот сакан град.
-Сите актери на спортскиот терен, а и оние кои од оправдани причини не можеа да бидат дел од вчерашниот натпревар, голем дел од својот живот, од своето детство и својата младост несебично ги жртвуваа за една возвишена цел како што е одбојката, односно спортот, како и сите вредности кои треба да ги поседува една млада и зрела личност, велат од Пелистер Волеј.

Ревијален натпревар, сениорската екипа против поранешните одбојкарки и тренерите (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ОУ “Свимент Климент Охридски“ Битола го одбележа својот патрон (фото)
- Во Битола облачно со повремен дожд, температурата до 10 степени
- Достоинствен омаж за Патронот “Слово Љубве“ на УКЛО Битола и Горната гимназија, упатени силни пораки за образованието, јазикот и младите (мега фотогалерија)
- Општина Битола: презентирани дел од решенијата за изработка на физибилити студија за голдола
- СВР Битола: четворица приведени за дрога, жена пријавила напад од жена, приведување за нарушен јавен ред и мир
More from СпортMore posts in Спорт »
- Загреб првата победа во ЛШ ја забележа против Еурофарм Пелистер
- Гарабаја: домаќините мотивирани со нов тренер, ние ќе одиграме квалитетно во Загреб
- Ева Милевска од Битола една од ретките скијачки во спуст од поширокиот балкански регион, по повредата се врати на ски-патеките
- Самоил Ристевски: нема лоши тимови во ЛШ, одиме во Загреб по победа
- Пелистер Волеј преку петти сет “тај-брејк“ ги победи Газели во Битола (фотогалерија)










