Пелистер – Борац 73:72
Во драматичната завршница “пресуди“ тројката на Костоски за минимална и голема победа на битолчани.
Екипата на Пелистер од Битоа ја имаше таа чест да го отвори последниот турнир во Широки од АБА 2 лигата во оној регуларен дел од сезоната, а за противник ја имаа екипата на Борац од Бања Лука.
Натпреварот започна нерешено беше во воведните пет минути (7:7) до влегувањето во игра на Александар Костоски, кој набрзина реализираше осум поени, за првото опипливо водство за нашиот претставник (21:14). До истекот на првата четвртина таа позитива беше нешто пониска, (23:18). Костоски, потпомогнат од Стојановски, со две тројки, донесоа уште повисоки (29:20) на почетокот на вториот период, а во таа насока се играше најголем дел од вториот квартал. Во последни две од првото полувреме, екипата од Бања Лука 39:36, а на одмор се отиде 40:36 за Пелистер.
На стартот на третата четвртина Борац со серија од 15:2 дојде во водството од 42:51, а потоа и на двоцифрен плус 44:56. Во последната четвртина се влезе со 51:60. “Пелистерци“ направија серија 7:0 за резултат 58:60, а по тројката на Најт, во 34 минута го вратија водството 63:62. Борец се врати во водство 67:72 на три минути до крајот. Планиниќ погоди за “три“ и 70:72. Костоски, најискусниот во нивните редови погоди уште една тројка, за ново водство на Пелистер на 39 секунди пред крајот 73:72, а потоа откако не примија кош победија.
Најефикасни кај Пелистер Планиниќ постигна 21 поен, Костоски 14. поени и Најт со 13.поени.
По 11 одиграни кола, Пелистер пет победи и шест порази и се во осумте дел од плеј-офот.










