Скопје – Пелистер 0:1 (0:0)
На гостувањето во Скопје, на стадионот во “Автокоманда“ во рамките на 23. коло од Втората фудбаласка лига, екипата на Пелистер го победи Скопје, минимално со 0:1.
По првото полувреме кое заврши без голови, победничкиот погодок го постигна Талевски.
Со оваа победа и новите три бода екипата на Пелистер уште повеќе се зацврсти на второто место на табелата, кое носи и директен пласман во Првата лига.
Лидер на тбелата останува Беса со 60 бода, Пелистер е второпласитан со 54 бода, а екипата Детонит Плачковица, која беше конкурент на Пелистер за второто место, по поразот во Прилеп од Победа има 46 бода или 8 помалку од Пелистер.
Во наредното 24. коло од Втората лига екипата на Пелистер го пречекува Арсими, в сабота на 13 април со почеток во 15 часот.










