Вардар – Еурофарм Пелистер 24:20 (12:11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија во Скопје, во вечното ракометни дерби, од Вардар. Разликата во бодови сега е само два бода предност за “пелистерци“, а за задржување на титулата само одлучуваат.
Од друга страна екипата на Вардар победувајќи со 24:20, полувреме 12:11, сега има математички шанси за титула, но ќе чека кикс на Еурофарм Пелистер.
Вардарци тргнаа добро во дербито поведоа 5:3, а следуваше израмнување на 6:6. Потоа се играше гол за гол до 10:8, а потоа беше 10:10. На одмор се отиде со гол предност за домаќинот 12:11.
На стартот на “пелистерци“ израмнија на 12:12. Вардар успеа пак да поведе со +2 (16:14). Следуваа минути на Пелистер и серија 1:4 успеа првпат да поведе со голот на Радивојевиќ од крило (17:18) и неколку израмнувања. Вардар ја врати предноста на 21:20, а дојди на +3. Еурофарм Пелистер не успеа да се врати резултатски и крак поразот е 24:20.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Нејц Цехте со шест гола.










