Три фудбалерки на Топ гол од Биитола се дел од У-19 селекцијата на Македонија која учествуваше на квалификацискиот турнир во Молдавија.
Голманката Натали Талевска и фудбалерките од среден ред Сара Стевановска и Ивана Милевска се избранички на Астрит Мерко и имаа своја минутажа во натпреварите од вратата фаза.
-Нашата младинска репрезентација издвојува трети победи и тоа против домаќинот Молдавија, Литванија и фаворитот Велс. Со овој резултат Македонија се пласира на завршниот Европски турнир кој ќе се одигра во Литванија во периодот од 14 до 27 јули. – Честитки за успехот и пласманот на Европско за нашата младинска репрезентација и стручниот штаб. Ова е уште една потврда за нашата стручна и посветена работа со младите категории, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.










