Четири дена по првиот натпревар од серијата, вечер во Битола следи уште еден натпревар меѓу Пелистер и Еуро Никел 2005 во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Вицешампионот напорно работи да ја повтори саботната партија и со помош на “Чкембарите“ да се доближи до поуфиналето.
Лука Стојановски, кој од Еуро Никел 2005 дојде во Битола, одлично го познава противникот и откри каков тим е кавадаречкиот.

-Еуро Никел има искусна екипа. Имаат двајца добри странци кои им го носат тимот. Сепак, мислам дека ние сме тимски понастроени, имаме хемија која ќе ни донесе победа. Екипата ја собравме од почетокот на сезоната, можеби со мали пропусти на центарските позиции. Сепак, бековската позиција ни е на место, играме како што ќе каже тренерот и се подобруваме секој тренинг. Во спортот можни се изненадувања, но нашиот менталитет е освојување на титула. Се надевам дека ќе имаме поддршка како во Купот. За нас посебна мотивација е полна сала и тоа ни дава посебна мотивација, што не можеш да ја осетиш во празна сала, рече Лука Стојановски.
Се очекува голема поддршка за кошаркарите на Пелистер, во обидот да се доближат до втората победа во четвртфиналната серија.










